Кулеба: На 24 февруари ќе му биде испратен многу јасен сигнал на Путин

од Radmila Tasevska
200 прегледи

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина, ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и дека тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека е во сериозна грешка ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден, пренесува Униан.

Кулеба оцени дека е многу важно американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

Слични содржини