114
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес повторно истакна дека НАТО треба да обезбеди Украина да добие оружје „за да победи во оваа војна“, а според него рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, туку „за уште војна“.
„Немаме сигнали дека претседателот Путин се подготвува за мир. Го гледаме токму спротивното, дека се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади“, рече Столтенберг.
Говорејќи за потребата на Украина од оружје, Столтенберг додаде дека конфликтот во Украина е „војна на трошење“, односно битка на логистика.