Си Џинпинг: Кина го поддржува Иран, кој е под притисок од Западот

од Radmila Tasevska
270 прегледи

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, денес му изрази поддршка на Иран за време на посетата на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси, во Пекинг.

Како претседател на земја која, заедно со Русија и Иран, се смета за противтежа на американското глобално влијание, Си ја изрази својата поддршка за владата на Раиси, критикувајќи ја доминацијата на Вашингтон во глобалните работи, пренесува АП.

„Кина го поддржува Иран во зачувувањето на националниот суверенитет, отпорот на унилатерализмот и малтретирањето“, соопшти кабинетот на претседателот на Кина, што на својата веб-страница го објави државната телевизија.

Слични содржини