Лукашенко: Белорусија ќе се бори заедно со Русија во случај на директна агресија

од Radmila Tasevska
107 прегледи

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави денес дека Белорусија е подготвена да се бори заедно со Русија само во случај на агресија врз неговата земја, пренесе агенцијата Белта.

„Подготвен сум да се борам заедно со Русите од територијата на Белорусија само во еден случај: ако барем еден војник дојде на територијата на Белорусија од Украина да го убие мојот народ“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека во случај на агресија врз Белорусија, одмаздата ќе биде најтешка.

Слични содржини