Паднаа веб-страниците на неколку германски аеродроми, можен хакерски напад

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Веб-страниците на седум германски аеродроми денеска паднаа откако, како што се сомнева, биле цел на сајбер напад, соопшти здружението на аеродроми АДВ во Германија.

Меѓу аеродромите чии веб-страници беа паднати се оние во Дизелдорф, Нирнберг и Дортмунд, но веб-страниците на најголемите германски аеродроми во Франкфурт, Минхен и Берлин работат нормално.

Слични содржини