Фудбалерот Жерар Пике се најде во центарот на вниманието на медиумите откако ја раскина својата дванаесетгодишна врска со пејачката Шакира.
Двајцата за време на врската ги добија синовите Милан и Саша, а како главна причина за раскинувањето се споменуваше неверството на фудбалерот. Пике набрзо почна да се појавува со својата нова девојка Клара Чиа Марти, што само го зголеми интересот на јавноста за неговиот приватен живот.
Меѓутоа, сега тој за прв пат го спомна името на својата поранешна партнерка во интервју за тиктокер Џон Нелис.
Имено, Нелис го прашал Пике кој е најпознат меѓу неговите телефонски контакти.
„Би рекол … Шакира која ми беше партнерка“, одговорил фудбалерот, пренесува „Марка“.