Ковачевски-Вучиќ: Србија и Северна Македонија се залагаат за стабилен просперитетен регион

од Radmila Tasevska
165 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денес во Минхен на безбедносната конференција оствари средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. На состанокот беа споделени заложбите на Србија и Северна Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

На средбата премиерот на Северна Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Слични содржини