Ричард Гир замина на одмор, па зажали: Познатиот актер заврши во болница во Мексико

од Radmila Tasevska
116 прегледи

Заболел од пневмонија додека бил на одмор со семејството.

Според TMZ, Ричард Гир го прославил 40-тиот роденден на сопругата Алехандра Силва во Мексико. Пред да отпатуваат во оваа земја, Гир се борел со кашлица, која се влошила на одмор.

Изворот на споменатиот портал додава дека на актерот толку му се слошило што морал да се јави во болница од каде рекле дека му е констатирано пневмонија.

За среќа, веќе следниот ден бил пуштен од болница и му биле дадени антибиотици за да се спречи болеста.

Во меѓувреме се огласи и неговата сопруга која на Инстаграм сподели фотографии од оваа дестинација.

Двајцата се во брак од 2018 година и имаат две деца.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумот. Како да не бидам? Оженет сум со убава жена која е паметна, чувствителна, посветена да им помага на луѓето, смешна, трпелива, простувачка, одлична готвачка и ги прави најдобрите салати на светот. Александра медитира, таа е вегетаријанка, одлична мајка, има допир на ангел … а исто така е Шпанка, а тоа е земјата на кралевите и кралиците, Сервантес и Буњуел … Не може да биде подобро од тоа“, рече тој еднаш.

Гир во 90-тите беше во брак со познатата манекенка Синди Крафорд, а од 2002 до 2016 година беше во брак со Кери Лоуел со која го доби синот Хомер (22).