Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, четири за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.