Рускиот претседател Владимир Путин би можел да разговара со директорот на Канцеларијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји, за време на неговата посета на Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Песков на прес-конференцијата истакна дека руско-кинеските односи се повеќедимензионални и од сојузнички карактер и дека има многу теми за кои треба да разговараат претставниците на двете земји, пренесе ТАСС.
Весникот „Комерсант“ претходно објави дека Ванг Ји пристигнал во Москва, последната станица од неговата европска турнеја, која завршува на 22 февруари.