ВМРО-ДПМНЕ: За прв пат во независна Македонија крахира здравствениот систем

од Radmila Tasevska
155 прегледи

„Здравствениот систем за прв пат во независна Македонија колабираше. Со ова за прв пат граѓаните останаа без лекови, не се исплаќаа средства за породилно, а здравствениот кадар остана без плата“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „Владата предводена од Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе остане запаметена по крах на здравствениот систем“.

Здравствениот систем за прв пат во независна Македонија колабираше. Со ова за прв пат граѓаните останаа без лекови, не се исплаќаа средства за породилно, а здравствениот кадар остана без плата, велат од опозициската партија.

Од погрешните политики, додаваат, граѓаните страдаат секојдневно или не можат да добијат основна здравствена услуга за која плаќаат цел живот.

„Ковачевски и неговата екипа мора да заминат час поскоро!“, меѓудругото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини