88
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Групата седум (Г7) денеска најавија дека нивните земји ќе продолжат да воведуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва.
Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да воведуваат дополнителни економски санкции за поединци и ентитети во и надвор од Русија кои обезбедуваат политичка или економска поддршка за кршење на меѓународното право, објави Ројтерс.
Западните земји воведоа економски санкции кон Русија поради нападот на Украина, со цел да ги ослабат руските сили.