Русија: Ги хакираа нашите радио станици, емитуваа лажно предупредување за ракетен напад

од Radmila Tasevska
141 прегледи

Комерцијалните радиостаници во делови на Русија емитуваат лажно предупредување за воздушен напад и можен ракетен напад откако нивните сервери биле хакирани, соопшти денес руското Министерство за вонредни ситуации. На социјалните мрежи утрово се прошири веста за лажната тревога. Не е јасно кој стои зад наводното хакирање.

„Поради хакерски напад на неколку комерцијални радиостаници во одредени региони, беше објавена информација за наводна најава за воздушна опасност и закана од ракетен напад“, објави Министерството на својот канал Телеграм.

„Таа информација е лажна и не одговара на реалноста. Ве молиме побарајте информации од официјални извори“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Индекс.

Слични содржини