Снежна бура во Калифорнија, илјадници без струја

од Radmila Tasevska
187 прегледи

Зимската бура ги погоди САД „од брег до брег“, изложувајќи милиони Американци на силни ветришта и снежни врнежи и оставајќи речиси 200.000 Калифорнијци без струја, пишува „Дејли мејл“.

Повеќе од 60 милиони луѓе во речиси 30 држави се под специјални предупредувања за зимско време, пред сè во северните и источните држави кои се соочуваат со снег, дожд, мраз и поплави.

Обилниот снег во Минесота ги запре возачите на автопатиштата, додека во западна Монтана за неколку часа падна речиси еден метар снег.

На западниот брег, климатскиот истражувач, Даниел Свејн, изјави за Ел тајмс дека повеќето Калифорнијци сега ќе видат снег, „што е многу необично“ и ќе се соочат со ветрови со брзина од околу 80 милји на час.

„Мислам дека сите Калифорнијци ќе видат снег, барем на ридовите“, рече тој.

Невремето практично ќе го направи патувањето невозможно, особено во областите на Минесота и градовите покрај Карпестите Планини.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за силна зимска бура, снежна бура и ветер за големи области на западниот, северниот и централниот дел на САД.

Од вечерва до петок 24 февруари се очекуваат околу 60 сантиметри снег и ветрови со брзина од околу 96 километри на час.

Слични содржини