164
Глобалната трговија порасна повеќе од очекуваното минатата година, и покрај потресите предизвикани од руско-украинската војна, при што земјите кои мораа да ги променат добавувачите или производителите беа особено погодени, соопшти денеска Светската трговска организација (СТО).
Светската трговска организација прогнозираше раст од само 3 проценти во 2022 година, бидејќи конфликтот предизвика големи нарушувања на извозот, вклучително и испораката на пченица и гориво.
Сепак, главниот економист на СТО, Ралф Оса, презентирајќи ја најновата анализа за влијанието на војната врз трговијата, рече дека глобалната трговија „добро се држи“.