176
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази сомнеж за кинескиот мировен план за Украина, посочувајќи дека Кина јасно не го осуди рускиот напад.
За време на гостувањето во Талин, Естонија, тој рече дека сигналите кои доаѓаат од Кина за можна продажба на оружје на Русија се „причина за загриженост“, додавајќи дека тоа би значело поддршка на нелегална инвазија што го прекршува меѓународното право, објави „Киев Индепендент“.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска го објави својот став за мировно решение во Украина.