Кина испраќа илјадници сателити во ниската земјина орбита

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Кина се подготвува да испрати 13.000 интернет сателити во ниската орбита на Земјата, заканувајќи се на доминацијата на „Старлинк“ на Маск, а тимот предводен од Ксу Кан, вонреден професор на Кинескиот универзитет за воздухопловно инженерство на Ослободителната армија, сака да го стори тоа „пред да биде завршен „Старлинк“.

Лансирањето на кинески сателити „ќе гарантира дека нашата земја има свое место во ниската орбита на Земјата“, објави тимот на професорот Ксу Чан, пренесе „Спутник“.

Во соопштението се додава дека ова лансирање ќе го спречи „Старлинк“ превентивно да ги окупира сите достапни слотови во ниската орбита на Земјата.

Во моментов, „Старлинк“ има повеќе од 3.000 сателити во орбитата на Земјата и планира да го зголеми тој број на 12.000 до 2027 година.

Тоа не е крајот, бидејќи „Старлинк“ планира да распореди 30.000 сателити во орбитата.

Според истражувачите, „Старлинк“ претставува закана за сателитите на другите земји бидејќи Пентагон, кој има договор со СпејсЕкс, може да и нареди на компанијата „активно да таргетира и уништува цели во вселената“.

Слични содржини