Мицкоски: Ковачевски да ѝ се извини на пратеничката Бети Стаменкоска

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

При денешната посета на општина Велес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за изјавата од премиерот Ковачевски упатена кон пратеничката Бети Стаменкоска и дали се тоа европски вредности кои што треба да ги покаже некој македонски политичар истакна дека е шокиран и згрозен од настанот.

„Видете тоа се навреди кои што би рекол не доликуваат никому и на тој начин Ковачевски уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува, а тоа е претседател на владата на Македонија“, наведе Мицкоски.

Тој апелираше до премиерот дека ако сака да ја сочува својата чест, доблесно е да се извини.

„Доблесно е да излезе и да се извини. Јас уште еднаш ќе го изразам своето шокирање и посакувам ова никогаш повеќе никому да не му се повтори, затоа што сепак ние сме луѓе кои што треба да бидат пример како треба, а не пример како не треба“, нагласи Мицкоски.

Слични содржини