Легендарната актерка Џејми Ли Кертис (64) на доделувањето на SAG наградите го оправда својот статус на секс симбол, кој ја следи од почетокот на нејзината кариера. Џејми исто така имаше причина за славење бидејќи освои две награди – за најдобра споредна женска улога и најдобра актерска екипа, и двете за филмот „Сите во исто време“.
Потоа дојде моментот за кој сите зујат по наградите. Имено, Џејми била пресреќна кога нејзината колешка од споменатиот филм, актерката Мишел Јео, ја добила наградата за најдобра актерка, па и подарила сочен бакнеж кој бил уловен од камерата, а реакциите ги преплавиле социјалните мрежи.
JAMIE LEE CURTIS AND MICHELLE YEOH SHARING A KISS#SAGAwards pic.twitter.com/SZLwLCuIs5
— dream (@carolsstann) February 27, 2023
„Не ми се верува дека Џејми ја бакна Мишел во уста“, „На што размислуваше Џејми пред овој бакнеж?“, „Ова е еден од најсочните бакнежи што сум ги видел“, се само дел од многуте коментари на интимниот момент меѓу актерките, пишува dnevnik.hr
Инаку, Џејми ги освои фановите со низа улоги, од кои најзабележителни се оние во комедите „Риба наречена Ванда“ и „Тркало на среќата“ од 80-тите, а вниманието секогаш го привлекувала со разголените изданија. Нејзините иконски сцени со стриптиз многумина и денес ги паметат, а иако многумина ја сметаат за жена со заводливо тело, Џејми никогаш не важеше за класична холивудска убавица.