Дерала со книга за украинскиот хероизам наспроти неизмерното зло

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“, на Џабир Дерала, што се одржа на 24 февруари, една година од почеток на руската агресија врз Украина, како дел од истоимениот настан што опфаќаше и конференција, изложба на фотографи и промоција на филм, ги истакна 365 дена на неизмерното зло врз украинскиот народ од рускиот агресор наспроти хероизмот и жестоката борба за слобода за Украина, но и за целиот свет.

Публикацијата ја промовираше новинарот Зоран Иванов, кој ја истакна хуманоста, пожртвуваноста и борбата за факти и вистини на авторот Џабир Дерала.

„На годишнината од руската агресија врз Украина, документ со погледи и анализи, колумни, тука во неа е збран и тимот на неговиот ЦИВИЛ, на тие неуморни космополити, следбеници на философијата на правда, за мир, за еднаквост, за човечност. Сето ова во Украина – Година на хероизмот. Изминатите 365 украински денови, се и 365 денови на Џабир, непроспиени ноќи, негови 365 активистички и негови нови творечки деноноќија. 365 дена негов човечки немир. Немир за мир. Ама и за револт, и за осуда, и за одговорност. Со негов став, како личен печат, но и печат на тимот на ЦИВИЛ. Печат, како белег вкотвен во страниците на неговата Украина –Година на хероизмот.

Дерала се заблагодари на своите колеги од ЦИВИЛ и од редакцијата Фронтлајн, кои од почетокот на руската инвазија врз Украина, работеле и работат на тоа да ги донесат фактите и вистината за тоа што се случува во Украина.

Слични содржини