Средба Блинкен-Лавров: МНР на САД изнел три точки пред рускиот колега

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Во Њу Делхи, на маргините на состанокот на Г-20, се сретнаа рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен.

Состанокот, пишува „Њујорк Тајмс“, бил непланиран и се случил откако руската влада ги обвини западните држави за „уцени и закани“.

Блинкен, како што им кажа на новинарите висок американски функционер, му изнел на Лавров три точки: дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од Русија „се додека е потребно“; дека Русија треба повторно да се приклучи на Новиот договор за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ од кој неодамна се повлече и да ги почитува условите; и дека Русија треба да го ослободи Пол Вилан, американски државјанин во затвор.

Блинкен претходно, на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20, го повтори силниот повик Русија да се повлече од Украина, обвинувајќи ја Москва за поткопување на меѓународниот мир и стабилност.

„За жал, оваа средба уште еднаш беше нарушена од неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина“, рече тој.

Слични содржини