Стано: Европскиот предлог за кој Вучиќ и Курти разговараа не треба да биде потпишан

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Портпаролот на ЕУ за надворешна политика Петер Стано денеска изјави дека европскиот предлог, за кој во понеделникот во Брисел разговараа српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, не е текст што треба да биде потпишан.

Стано, одговарајќи на новинарско прашање дали европскиот предлог е конечен или има можности за негова измена, нагласи дека од самиот текст на предлогот е јасно дека никогаш не се работело за потпишување на овој документ.

„Од текстот е јасно дека никогаш не се работело за потпишување. Минатиот понеделник состанокот беше посветен на дискусијата за европскиот предлог. Од двете страни беше одобрено дека не се потребни нови дискусии во однос на европскиот предлог, кој сега е договор за патот до нормализација на односите“, рече Стано.

Слични содржини