Човек близок до вицепремиерот Артан Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера, објавија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце „истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278м2 на фирма блиска до Груби“.
-Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра. Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена?
ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага, порачаа од најголемата опозициска партија.