Новоизбраниот претседател на Чешката Република, Петр Павел изјави дека на неодамна одржаниот форум за безбедност во Минхен разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за европската или армијата на Европската унија и дека се согласиле дека во овој момент е подобро да се зајакне европскиот столб на НАТО .
Павел на новинарите им рекол дека европската одбрана не е прогласување армија на ЕУ, туку дека наместо тоа е подобро да се зајакне европскиот столб на НАТО, пренесе „Еурактив“.
„Веќе имаше голема промена на претседателот Макрон – од европската армија, за која зборуваше пред многу години, до сега кога рече дека треба да изградиме европска одбрана заснована на европскиот столб на НАТО. Ова е разумна промена“, рече чешкиот претседател.