Во Европа се појави ретка инфекција која на луѓето ја пренесуваат мачки. Досега случаи на зараза беа регистрирани само во Јужна Америка, а сега првите случаи на европско тло се забележани и во Велика Британија.
Станува збор за кожна болест, доста болна, која меѓу другото се манифестира и со рани и чиреви, најчесто на рацете.
Здравствените служби во Велика Британија тврдат дека сите добиле габична инфекција од иста мачка што семејството ја донела од Бразил, каде што габата станува се пораспространета и станала опасност по јавното здравје.
Сите три заразени лица биле позитивни на бактеријата „Sporothrix brasiliensis“, само еден вид габична инфекција. Мајка, ќерка и ветеринар биле изгребани од истата мачка. Побарале лекарска помош, но сите се опоравиле. Инфекцијата обично се лекува со антигабични лекови повеќе од шест месеци, пишува Дејли Мејл.
Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габичната инфекција. Сепак, инфекцијата може да влијае и на очите, белите дробови, коските и зглобовите. Во ретки случаи, може да влијае на централниот нервен систем.
Габичната инфекција се шири со каснување или гребење на заразена мачка. Нема регистрирани случаи на пренесување од човек на човек. Ретко, заразено лице може да добие пневмонија ако ги вдишува спорите на габата, што предизвикува симптоми како што се отежнато дишење, кашлица и треска.