147
Приходите на Twitter во декември 2022 година паднаа за 40 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година, пишува Wall Street Journal, цитирајќи извори запознаени со ситуацијата.
Неколку огласувачи радикално ги ограничија своите инвестиции во Twitter откако сопственикот на Tesla, милијардерот Елон Маск, ја презеде компанијата на крајот на октомври, пренесе Reuters.
Според податоците на Standard Media Index, во декември 2022 година приходите од реклами на Twitter паднале за 71 отсто во споредба со периодот пред преземањето на Twitter од Маск.
Twitter не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа вест.
Во ноември, Маск предупреди дека Twitter може да банкротира.