Киев се обидува да ја вовлече Белорусија во конфликтот во Украина под команда на Вашингтон, но тоа нема да успее, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Ако тие планираат да го сторат тоа, а знам дека по команда на Американците сакаат да не вовлечат во војната што веќе е во тек низ Европа, грешат“, рече тој.
Претходно денеска, Лукашенко изјави дека агент на украинските специјални служби и повеќе од 20 негови соучесници биле приведени во Белорусија по обид за саботажа на авион за рано предупредување А-50. Според белорускиот претседател, авионот не претрпел „никаква сериозна штета, туку, како што велат, гребнатини и дупка на трупот на авионот“. Белорусија побара од руската страна да го добие овој авион на поправка и наместо тоа да испрати друг таков авион, што и беше направено, пренесе „Танјуг“.