Притвор за малолетничката која „падна“ со убијците на Ранко „Ескобар“

од Nikola Popovski
343 прегледи

Одреден е притвор за малолетното девојче кое беше уапсено во стан во Нов Белград заедно со двајцата осомничени за убиството на Ранко Радошевиќ познат како „Ескобар“ од Никшиќ.

Девојчето е родено во 2006 година и се товари за кривично дело соучесништво во тешко убиство.

Малолетниката вчера била сослушана пред судија за малолетници при Вишиот суд во Белград, а на рочиштето присуствувал и заменикот на Вишиот јавен обвинител за малолетници. Со оглед на тоа дека нема 18 години, во постапката е вклучен и Центарот за социјална работа, информираат српските медиуми.

Ранко Радошевиќ (54) беше убиен во четвртокот околу 11 часот на бензинската пумпа во Рушње со неколку истрели од пиштол. Убијците биле фатени од надзорните камери кога избегале. Притоа на еден му се видело лицето бидејќи му паднала хируршката маска која ја носел.

Слични содржини