Украински аналитичар: Ако продолжиме да го браниме Бахмут, ќе останеме без луѓе за офанзива

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Украински аналитичар од Киев предупредува дека во очајната одбрана на Бахмут од руските напади, Украина може да остане без ресурси за планираната контраофанзива. Имено, рововската битка за Бахмут ги однесе животите на голем број руски и украински војници. Убиените се бројат во илјадници.

Но, ниту Русија, ниту Украина не се подготвени да отстапат во битката за тој источен град во областа Доњецк, кој руските сили се обидуваат да го освојат од јули минатата година.

Во синоќешното видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека иднината на Украина зависи од исходот на битките на истокот, што ги вклучува и битките што се водат во и околу Бахмут.

Зеленски: На исток е многу тешко и болно

„На исток е многу тешко. Многу болно. Мора да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе ја уништиме“, рече Зеленски.

Киев верува дека исцрпувањето на руската армија сега, подоцна ќе помогне во нејзината контраофанзива. Но, не сите се согласуваат дека продолжувањето на одбраната на Бахмут е најдобрата опција за Украина.

Украинската армија трпи загуби и меѓу силите што сакаше да ги искористи за подоцнежна контраофанзива против руските сили, рече во интервјуто украинскиот воен аналитичар Олех Жданов.

„Можеме да загубиме се што планиравме да искористиме во контраофанзивата“, рече Жданов.

Слични содржини