150
Аферата „дијаманти“ веќе две недели е на насловните страници во Бразил. Поранешниот претседател Жаир Болсонаро беше обвинет дека се обидел илегално да внесе сет со скапоцени камења во земјата, инаку подарок од саудиската влада, објави францускиот весник „Монд“.
Комплетот со скапоцени камења е сместен во кожна футрола обложена со темно кадифе. Внатре има пар обетки, прстен, часовник и ѓердан украсен со десетици привезоци обложени со дијаманти.
Комплетот е креација на швајцарскиот златар Шопард и е проценет на речиси три милиони евра.