Костадиновска-Стојчевска: Со растот на минималната плата автоматски растат платите на културните работници

од Radmila Tasevska
178 прегледи

Намалениот буџет на Министерството за култура за оваа година се должи на фактот дека моравме да ги обезбедиме платите на културните работници коишто се гарантирани со Колективниот договор, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во Канал 77.

-Колективниот договор ги унапредува платите на културните работници и стабилноста на функционирањето на културните работници и културните установи беше предизвик кој го поставивме во фокус, бидејќи од вкупниот буџет 51,3% се препишува на платите, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа кажа дека со Синдикатот во 2019 година е усвоен Колективен договор со кој, преку растот на минималната плата растат и платите на културните работници.

-Ваквиот Колективен договор тие го заслужуваат, бидејќи петнаесет години се бореа за своите права и имаа примања кои не беа на нивото на образование и на нивото на културната работа и уметноста со која се занимаваат. Нивните плати досега се обезбедуваа преку ребалансите, а сега се обезбедни во буџетот, рече министерката.

Слични содржини