Битиќи: Трендот со зголемување на минималната плата природно ќе влијае и на останатите плати

од Radmila Tasevska
137 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за 24инфо кажа дека вработените во јавниот сектор веќе добиле покачување на платите според колективните договори за секоја гранка одделно.

-Со ова покачување на минималната плата ќе се зголемат платите на административците кои имаат засновано работен однос според Законот за Административни Службеници (ЗАС), додека сите останати кои се под државна капа имаат свои гранкови синдикати кои имаат склучено колективни договори и нивните плати и надоместоци се дефинирани во овие колективни договори, кажа Битиќи.

Според вицепремиерот, во врска со приватниот сектор очекува овој тренд на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, кое пак треба да биде проследено со соодветно зголемување на продуктивноста, ефективноста и ефикасноста.

-Нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала. Уште од самиот почеток на оваа енергетска криза на која се надоврза војната во Украина, цените на енергенсите и неколку клучни суровини кои најчесто се користат во производство на основните прехранбени продукти, на сите ни беше јасно дека овој инфлаторен притисок е исклучиво предизвикан од страната на понудата, а не од страната на побарувачката. Или со поедноставни зборови, водејќи се според основните економски законитости, ние живеевме и се уште живееме во период на повисоки цени на енергенси и основни прехранбени продукти исклучиво заради нивното намалено производство, а не заради зголемената куповна моќ на домаќинствата. Дополнително енергенсите како и основните прехранбени продукти ги користиме ограничено, односно многу тешко е во пракса да се случи зголемување на нивните цени заради енормно зголемената побарувачка, истакна Битиќи.

Слични содржини