Тејлор Свифт ја почна светската турнеја после петгодишна пауза

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Популарната американска пејачка Тејлор Свифт во петокот ја почна првата турнеја „Ерас“ после пауза од 5 години. За тоа време, таа издаде 4 албуми, меѓу кои и „Фолклор“, за кој доби Греми награда. Првиот голем настап во живо после пандемијата траеше над 3 часа, а таа испеа 44 песни.

„Не можам ни да ви доловам колку ми недостигавте“, им рече 33-годишната Свифт на обожавателите на првиот концерт од турнејата.

На стадионот „Стејт фарм“ во Аризона, каде минатиот месец се одржа финалето на Супербоул, дојдоа околу 80 илјади посетители. Ѕвездата најави дека „концетот ќе биде патување низ сите мои музички етапи“.

Оваа турнеја постави рекорд за најмногу продадени билети за концерт на музичар во еден ден, од 2,4 милиони. Најавено е дека ќе има 52 концерта.