Пратениците на американскиот Конгрес на денешната седница го обвинија извршниот директор на TikTok, Шу Чи Чев, дека апликацијата овозможува достапна штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници.
Претставничката на републиканците, Кети МекМорис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот рече дека за неколку минути по отворањето на нова сметка на TikTok, алгоритмот на апликацијата промовира содржина со самоповредување, нарушувања во исхраната и поттикнување опасни „предизвици“ кои можат да бидат животозагрозувачки за децата, пренесе Ројтерс.
Демократскиот пратеник од Њу Џерси Френк Палоне рече дека содржината достапна за децата на TikTok го влошува детскиот „емоционален стрес“, додека републиканскиот пратеник Боб Лата рече дека 10-годишното девојче се задавило кога се обидело да го изведе таканаречениот „затемнувачки предизвик“ што таа го видела во видео на апликацијата.