Кинескиот CATL моментално е рангиран како најголем производител на батерии во светот. Компанијата сега објави дека започнала со производство на еден од своите водечки производи наречен Qilin Battery, а исто така откри кој електричен автомобил ќе биде првиот што ќе има корист од новата батерија.
Според повеќе кинески медиуми, CATL успешно ги спроведе сите тестови за масовно производство на својот Qilin. Главната причина за успехот е поголемата енергетска густина, до 255 WH/kg. Меѓу квалитетите на новата батерија е и можноста да се вози до 1.000 километри пред ново полнење. Самото полнење може да се постигне од 10% до 80% за само 10 минути, според „Revija HAK“.
Првото електрично возило кое ќе ги користи овие батерии е Geely Zeekr 009. Овој голем кинески миниван веќе изврши тестови со првите прототипови на оваа батерија. Првите испораки на Zeekr 009 со батерија Qilin ќе започнат во текот на следниот квартал.
Сепак, овој модел нема да биде единствениот со овие батерии бидејќи CATL е заинтересиран за масовно производство. Се шпекулира и за некои европски производители…