Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, смета дека земјите од НАТО се страни во конфликтот во Украина.
„Земјите на НАТО ја направија Украина еден голем воен камп, не криејќи ја својата главна цел – да ја поразат Русија на бојното поле, а потоа да ја распарчат“, изјави Патрушев во интервју за „Руска Газета“.
„Тие (земјите од НАТО) испраќаат оружје и муниција на украинските војници, им обезбедуваат разузнавачки информации, вклучително и помош од сателити и значителен број беспилотни летала“, рече Патрушев, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека инструктори и советници на НАТО ја обучуваат украинската армија, додека, како што рече, „платеници се борат како дел од неонацистичките баталјони“.
Патрушев рече и дека Соединетите Американски Држави одамна станале „шампион“ по бројот на започнати војни во различни делови на светот и нарушување на суверенитетот на другите земји.