Manhart BMW X5 M50d

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Иако BMW се збогуваше со квад-турбо верзијата X5 M50d во септември 2020 година, германскиот тјунер Manhart сега ја презеде модификацијата на овој модел.

Manhart му обезбеди на BMW X5 M50d комплет за каросерија од јаглеродни влакна Larte Design (предна хауба со отвори за воздух, рамка на решетка, преден спојлер, странични прегради, заден спојлер и заден дифузер), црни издувни цевки, сет од 23-инчни алуминиумски тркала со гуми 315/25 ZR23, како и засилување на веќе моќниот мотор.

3.0-литарскиот „шестцилиндарец“ со четири турбополначи има 400 КС и 760 Nm вртежен момент, но во ова издание на Manhart има 465 КС и 870 Nm.

Manhart не ги објави бројките за забрзувањето и максималната брзина, но нивниот X5 M50d треба да биде побрз од серискиот модел, кој достигнува 100 km/h за 5,2 секунди и има електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h.