Експлодира гасовод во Сибир, се огласи „Газпром“

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Гасовод во северен Сибир, на чии поправки се работело, се запали но немаше прекин во снабдувањето, објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на компанијата „Газпром“.

Инцидентот се случил во близина на Пељм, кој е на околу 430 километри северно од сибирскиот енергетски центар Тјумен.

„Газпром“ соопшти дека дошло до пад на притисокот на гасоводот Јамбург-Јелец 1, по што дошло до пожар.

„Немаше жртви. Кога дојде до пад на притисокот, делот од гасоводот беше исклучен поради поправки и не беше вклучен во транспортот на гас“, тврдат од „Газпром“.

„Потрошувачите целосно се снабдуваат со гас преку паралелни цевководи“, се вели во соопштението, додавајќи дека причината за инцидентот е непозната.

Слични содржини