Папата би можел веќе утре да се врати во Ватикан

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Во исчекување на официјалното соопштение од болницата каде што е сместен од среда и објавата дали папата Франциск утре ќе се врати во Ватикан, веќе испливаа имињата на кардиналите кои ќе ги извршат сите планирани литургии и ритуали во пресрет на Велигден.

Продеканот на Колеџот за кардинали, Леонардо Сандри, најави дека ќе отслужи миса на Цветници, 2 април, на плоштадот Свети Петар. Велигденската миса ќе ја отслужи деканот на Колеџот на кардинали, Џовани Батиста Ре, но се очекува во базиликата Свети Петар да присуствува и папата Франциск.

Исто така, се најавува дека папата ќе ја пренесе пораката „Urbi et Orbi“ (До градот и до целиот свет) од ложата на базиликата.

Папата изрази желба да биде присутен на верскиот обред Христовиот пат, но лекарите советуваат (бидејќи церемонијата се одржува во вечерните часови кога е студено) да не се изложува на таков ризик на 86 години и со многу рецидиви на претходни болести и интервенции.

Слични содржини