Вучиќ: Србија денес е најсилната економија, се намалува бројот на сиромашни

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија денес е најсилната економија во регионот, како и дека се намалува бројот на сиромашни граѓани.

Ова го изјави за телевизија „Пинк“ на прашањето за изјавата на Здравко Понош дека отишол во Италија „да јаде и пие“ и додаде дека тоа се изјавите на „оние кои по цел ден се восхитуваат и ја смислуваат таа една реченица“.

„Според податоците на Светска банка и разни агенции, во Србија има сè помалку сиромашни. Во времето на човекот кој ми беше противник и има хрватско државјанство, просечната плата беше под 300 евра, а денес е околу 750 евра. Наскоро ќе го чекаме новиот пресек за март, но таа е зголемена за 100 или 130 отсто во однос на периодот пред девет години“, рече Вучиќ и додаде дека тогаш регионот имал повисоки просечни плати од Србија и Црна Гора за дури 50 проценти.

Слични содржини