Забележан НЛО на небото над Русија, војската чека наредба

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Неидентификуван летечки објект е забележан денеска над Ленинградската област и е под воен надзор, јави денеска ТАСС.

Според извештаите, сè уште нема причина армијата да се стави во готовност и покрај претходните медиумски извештаи и најави на одредени канали на Телеграм.

„Неидентификуваниот објект се движи со брзина на ветрот, што значи дека нема мотори, па затоа не е дрон или авион. Значи, немаше причина да се даде сигнал на готовност. Ја следиме ситуацијата, а нашиот систем за противвоздушна одбрана е целосно подготвен да дејствува, доколку е потребно“, изјави неименуван претставник на регионалните вооружени сили.

Заменик-гувернерот на Ленинградската област задолжен за безбедност, Михаил Илин, рече дека извештаите за неидентификуван објект над градот Соснови Бор се лажни.

ТАСС наведува дека Соснови Бор е локацијата на Ленинградската нуклеарна централа.

Слични содржини