Novitec прикажува уште еден модифициран Lamborghini Aventador, а во овој случај тоа е нивниот Aventador Ultimae Roadster (6,5 литарски V12 мотор со фабричка моќност од 780 КС).
Пакетот Novitec вклучува аеро каросерија од карбонски влакна (така што автомобилот е полесен до 19 кг), како и комплет нови тркала од 20 и 21 инчи (можен е избор од дури 72 бои), гуми 255/30 ZR 20 и 355/25 ZR 21, нов спортски издувен систем, модифицирана суспензија (автомобилот е понизок 35 mm), како и внатрешен пакет.