На саемот во Њујорк премиерно беше прикажан и Hyundai Ioniq 5, за кој се вели дека има малку магија на Disney. Затоа е наречен Hyundai Ioniq 5 Disney100 Platinum Concept.
Иако засега е концептно возило, ќе биде достапно за купување подоцна (во ограничена серија). Останува да се види дали серискиот модел ќе ги има сите посебни карактеристики на концептот, но Hyundai ветува дека ќе објави повеќе информации за него подоцна оваа година.
Што се однесува до посебните карактеристики, тој започнува со „стилови“ на тркалата инспирирани од Disney, што навестува повеќе избори отколку што гледаме на концептот. Автомобилот има надворешна мат боја наречена Gravity Gold, а има и значки Disney100 (на потпирачите за глава, патосниците и централната конзола).
Покрај тоа, Ioniq 5 Disney100 Platinum Concept добива и екрани кои создаваат блескави анимации над предните и задните светла. Познатата музика на Disney се репродуцира кога ќе го стартувате возилото, а посебна анимација за стартување на внатрешниот екран го прикажува логото на Disney100.
Доколку сакате посебно светлосно шоу, синхронизираните внатрешни светла можат да го испорачаат во повеќе бои.
Во 2023 година се одбележува 100-годишнината на иконското студио за анимација, а Hyundai учествува со тоа што е ексклузивен автомобилски спонзор на прославата.
„Ова е прв пат Disney да ги отвори вратите на своето дизајнерско студио и да обезбеди пристап до иконските ликови за уметничка соработка со производител на автомобили“, рече маркетинг директорката на Hyundai, Ангела Зепеда.
„Ioniq 5 е целосно електричното возило на Hyundai и ние сме возбудени што можеме да споделиме ограничена верзија која ќе обезбеди незаборавно искуство за секој обожавател на Disney.