Кремљ: Нуклеарното распоредување во Белорусија е одговор на проширувањето на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Кремљ ја бранеше својата одлука да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, отфрлајќи ги критиките на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави за новинарите дека НАТО се шири кон Русија, а не обратно, и затоа Москва мора да преземе чекори за одбрана на сопствената безбедност.

Финска стана 31-ва членка на НАТО во вторникот, завршувајќи ја историската промена во безбедносната политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави пристапот на Финска во Алијансата и ги повика Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација за да може Шведска да се приклучи на воената алијанса „без одлагање“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот изјави дека пристапот на Финска во НАТО и потегот на Алијансата да ја зајакне сопствената борбена готовност го зголемуваат ризикот од конфликт.

Истиот ден, Кремљ објави дека ќе биде принуден да преземе „контрамерки“ за да ја обезбеди безбедноста на Русија како одговор на пристапувањето на Финска, пренесува RSE.

Слични содржини