Новиот Range Rover стана уште една „жртва“ на германската тјунинг компанија Mansory.
Така, Mansory му обезбеди на Range Rover аеро комплет од јаглеродни влакна (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузер, заден спојлер на покривот, спојлер на задната врата), нова хауба со отвори за воздух и предна табла со осветлено лого на Mansory.
Има и модифицирана суспензија, нов издувен систем, сет од 24-инчни алуминиумски тркала, како и приспособена внатрешност според желбата на клиентот (кожа, алкантара, елементи од карбонски влакна…).
Конечно, има и пакет за засилување на моторот, така што 4,4-литарскиот V8 twin-turbo сега има 625 КС и 850 Nm.