Потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, рече дека Западен Балкан повеќе не може да чека за пристап во Европската унија и дека Италија во Брисел ќе биде портпарол на барањето на регионот и силната желба за влез во Унијата.
„На силната потреба за Европа и Италија кои доаѓаат од Западен Балкан мора да се одговори без одлагање. Поради оваа причина, решивме да го продолжиме дијалогот започнат на министерскиот состанок во Рим на 3 април со нов состанок, кој ќе се одржи до крајот на годината, со цел да се утврди како напредува нашата соработка. Италија сака да игра водечка улога и е подготвена да се вклучи во играта, бидејќи иднината на нашата земја и Европа е во прашање. Балканот не може повеќе да чека“, напиша тој во едиторијал за белградски „Блиц“.
Тајани нагласува дека она што го бараат земјите од Западен Балкан не е попуст на реформите кои треба да ги усвојат за да влезат во ЕУ, туку сигурност на процесот, роковите и пред се конечниот резултат.