Германски Ari Motors нуди помал електричен автомобил 902, кој е долг помалку од три метри.
Поточно, Ari 902 е долг 295 cm, широк 150 cm, висок 150 cm и нуди носивост од 190 kg.
Во кратката вест се наведува дека неговиот електромотор има 15 kW/20 КС, а максималната брзина е 90 km/h. Исто така, досегот со едно полнење на батеријата е од 110 до 200 km.
Цените почнуваат од 13.990 евра, а рокот на испорака е околу три месеци.
Сите модели доаѓаат стандардно со дигитален кластер и задна камера, меѓу другото, а листата со опции вклучува носачи за покрив, соларен панел и стаклен покрив.