Експлозивна направа фрлена врз премиерот Фумио Кишида – Повреден полицаец

од Radmila Tasevska
139 прегледи

Јапонските власти соопштија дека еден полицаец претрпел полесни повреди кога импровизирана експлозивна направа била фрлена врз премиерот Фумио Кишида додека се подготвувал да одржи говор во пристанишниот град Вакајама, во југозападна Јапонија.

Полицијата го уапси 24-годишниот Кимура Рјуџи, кој живее во градот Каваниши во префектурата Хјого, под сомнение дека насилно го прекинал митингот на кој јапонскиот премиер држел говор, објави државната телевизија ХНК.

Извор близок до истрагата потврдил за јапонските медиуми дека осомничениот носел два цилиндрични предмети, од кои едниот експлодирал, а другиот го заплениле припадници на полицијата.

Слични содржини