Кинески порцелански сад од 18 век продаден на аукција за 25 милиони долари

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Порцелански сад со дијаметар од околу 12 сантиметри од 18 век е продаден на аукција на кинеска уметност во Хонг Конг за повеќе од 25 милиони долари, пренесе Си-Ен-Ен.

Аукциската куќа „Сотeби“ го опишала садот како „исклучително важен“, бидејќи потекнува од империјална керамичка работилница, а се вели дека е направен во 18 век.

Садот бил направен за време на владеењето на императорот Јонгџенг, од 1722 до 1735 година, иако емајлот веројатно бил нанесен на садот по смртта на императорот.

Слични содржини