Пригожин: Синот на портпаролот на Кремљ се борел во Украина со „Вагнер“

од Vladimir Zorba

Синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се борел во Украина заедно со платеничките сили на приватната руска воена компанија Вагнер, откри во саботата шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пригожин рече дека Песков, доверлив човек на рускиот претседател Владимир Путин, се сам му се обратил за вмешаноста на неговиот син во војната. Шефот на Вагнер рече дека го советувал Песков да не го испраќа својот син да им се придружи на редовните руски трупи, кои Пригожин постојано ги критикува за лошата опрема и несоодветната обука и лидерство.

Синот на Песков, Николај Песков, кој долго време живеел во Британија и е познат и како Николај Чолес, за московскиот таблоид КП изјавил дека служел затоа што тоа го сметал за своја должност. Печатот објави и фотографија од 33-годишникот во воена униформа. Се наведува и дека бил одликуван. Критичарите, сепак, рекоа дека не дале доказ за неговото наводно распоредување. Пригожин рече дека синот на Песков служел како стрелец во источниот регион Луганск под лажно име по тринеделна обука.

Пригожин го оцени воениот рок на Песков како примерен. Според Пригожин, распоредувањето на синот на портпаролот било чувано во тајност од другите членови на Вагнер. „Само јас и шефот на службата за персонал знаевме за тоа. Николај Песков покажа храброст и херојство како и сите други“, додаде тој.

Синот на Песков моментално е на одмор по шест месеци стаж, изјави шефот на Вагнер.

Слични содржини